Connect with us

Фудбал

Роналдо со нов рекорд во шампионската лига

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е првиот кој постигна гол на сите натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите.

Португалецот синоќа погоди во 12. минута на натпреварот со Борусија Дортмунд во последното (6. коло) од ЛШ и се запиша во историјата на елитното натпреварување.

Роналдо групната фаза ја завршува со девет погодоци и е убедливо прв на листата на стрелците.

Реал Мадрид победи со 3:2 но недоволно за првото место во групата каде се најде Тотенхем. Овие две екипи одат во осминафиналето, а Борусија Ќе игра во Лига Европа.