Connect with us

Фудбал

Роналдо: Среќен сум што ја создавам историјата на овој одличен клуб

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, како и секогаш, на инстаграм ги сподели своите впечатоци од освојувањето на италијанскиот шампионат.

„Направено! Шампиони на Италија! Среќен сум што продолжив да ја создавам историјата на овој одличен клуб“, напиша Роналдо на Инстаграм.

Тој трофејот им го посвети на сите навивачи на Јувентус, особено на оние кои биле и продолжуваат да страдаат од пандемијата.

„Не беше лесно. Вашата храброст, став и решеност станаа силата што ни требаше во овој напнат крај на првенството и борбата за титулата“.

Роналдо го освои 31. трофеј во кариерата.