Connect with us

Тајмаут

Роналдо: Татковството ме научи на таква љубов, за чие постоење не се сомневав

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо опиша како на него влијаело татковството.

 Не размислувам дали ќе имам време за друго дете, но гледањето како расте моето семејство е најголема чест за мене. Уживам во секоја секунда, вели Португалецот.

Татковството ме научи на љубов за чие постоење не се сомневав. Тоа ме омекна, ми помогна поразлично да гледам на она што е навистина важно во животот, додава Роналдо.

Ми се допаѓа Кристијано Џуниор и јас да се облекуваме исто. Сакаме да одиме во иста облека. Новата колекција ќе им овозможи на многу родители и синови да го сторат истото, истакна Роналдо.

Мојот син беше воодушевен од фото сесијата. Тој изгледаше многу природно, ја коментираше Роналдо фото сесијата со неговиот син.