Connect with us

Фудбал

„Роналдо? Тоа не е работа по стандардите на Јувентус, тој е на крајот од кариерата“

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис продолжува со изјавите во кои, по се изгледа, зборува некои работи само да ја испровоцира „другата страна“.

Така Де Лаурентис често знае да ги навреди оние за кои зборува, а сега допре до Роналдо, кој неодамна направи сензационален трансфер од Реал Мадрид во Јувентус.

„Да се потрошат толку пари за играч кој е на крајот од кариерата е опасно. Да не заборав име дека Роналдо веќе достигна одредени години, за билансот на клубот тоа беше ризична работа. Мене ме интересира дали овде ќе преовладува маркетиншки или спортски успех… Селата работа не е направена по стандардите на Јувентус“, изјави Де Лаурентис, па додаде:

„Ако почнете да давате толку пари на играчите, тоа когаш тогаш ќе ви се удри од глава“.