Connect with us

Фудбал

Роналдо уништил еден сон, фудбалер на Аталанта му побарал дрес, а тој го понижил

Робин Госенс, објави автобиографија, од која медиумите издвоија еден интересен детаљ. Имено, ја опишува ситуацијата кога се обидел да ги смени дресовите со Кристијано Роналдо.

-По натпреварот со Јувентус, сакав да го исполнам својот сон и да го добијам дресот на Роналдо. Кога судијата означи крај на натпреварот наместо да ја прославувам победаата, јас отидов до Роналдо и го прашав: Кристијано, може ли да го добијам дресот? Тој не ме ни погледна и само ми кажа: НЕ, открива Госенс во својата автобиографија.

-Се зацрвенив и засрамив. Се оддалечив од него, и во тие моменти се чувствував толку мал… Го знаете чувството кога ќе ви се случи нешто лошо и се вртите околу себе да видите дали некој го приметил тоа. Е токму тоа го направив јас, пишува фудбалерот на Аталанта.