Connect with us

Фудбал

Роналдо утре во Торино?!

Кристијано Роналдо во изминатите неколку недели, во периодот на пандемијата од коронавирусот, ги помина во родната Мадеира во Португалија. Сепак, португалскиот „Рекорд“ тврди дека утре Португалецот ќе слета во Торино, откако Јувентус ги повика своите интернационалци да се вратат и да бидат подготвени за рестартирање на тренинзите.

По враќањето најверојатно ќе мора да помине во 14 дневна самоизолација, правила кои ги наметна италијанската влада.

Според најавите, тренинзите во Италија би можеле да почнат на 4.мај, а натпреварите на крајот на мај или почетокот на јуни.