Connect with us

Фудбал

Роналдо возврати на критиките: Сакаат да ми наштетат

Кристијано Роналдо е во Торино,во иста куќа со семејството. Сепак вели дека нема контакт со никој бидејќи се на различни спратови. Ова доаѓа откако доби критики дека ги прекршил протоколите кои важат за лицата кои се позитивни на коронавирус.

Неговиот тест беше позитивен кога играше за репрезентацијата, но само два дена остана во изолација во родната земја. Со специјален авион се врати во Торино.

-Не сум ги прекршил протоколите. Патував со специјален медицински авион. Немав контакт со никого, ниту во Торино. Не сум ги прекршил протоколите, сакаат да ми наштетат, порача Роналдо.