Connect with us

Фудбал

Роналдо замина од Торино, нема да игра против Милан?!

Кристијано Роналдо итно заминал од Торино во Португалија бидејќи неговата мајка е хоспитализирана. Според информациите имала мозочен удар, тоа е причината поради која Роналдо ги прекинал тренинзите и заминал во болницата каде што е хоспитализирана.

Утре вечер Јувентус игра против Милан во рамките од Купот на Италија, а дел од италијанските медиуми пренесоа дека е можно тој да го пропушти овој меч.

Според италијанските медиуми Роналдо ќе остане со неа во болница додека не биде малку подобро.