Фудбал
Рони О’Саливен го надмудри својот противник и стана светски шампион!
Рони О ’Саливен е новиот светски шампион во снукер.
Легендарниот снукер играч го победи Кирен Вилсон во финалето денес со 18: 8 и ја освои својата шеста титула за најдобар во светот.
Никој не може да игра со О’Саливен кога е во добро расположение и концентриран. Тоа се покажа во денешното финале каде Вилсон беше немоќен.
Рони жестоко влезе во натпреварот. Го презеде водството со 8:2, но потоа се опушти и Вилсон излезе со четири последователни фрејма.
Сепак, тоа беше се од него за денес. О’Саливен „експлодираше“ и до паузата беше практично завршена бидејќи оствари предност од 17: 8.
Во продолжение, Рони лесно ја заврши работата. Го освои и фрејмот што му беше потребна и стигна до шеста титула најдобар во светот.
Рони се изедначи по бројот на титули со легендарните Стив Дејвис и Реј Рердон, додека сеуште е пред него само славниот Стивен Хендри со седум титули.