Connect with us

Фудбал

„Росониерите“ се израдуваа на 2:0, но потоа Наполи ги врати во реалноста

Во едене од натпреварите во 2. коло од италијанската Серија А се сретнаа Наполи и Милан, а во одличниот натпревар домаќинот после пресвртот славеше победа над Милан со 3:2.

Наполи ја започна новата сезона во Серија А со победа над Лацио, додека за Милан ова е првиот натпревар во новата сезона, затоа што дуелот од првото коло против Џенова беше одложен.

Милан кој се засили со неколку нови играчи воопшто не беше лош, а свое деби имаа Игуаин, Бакајоко, Лаксалт…

Фантастичниот гол на Бонавентура во 15. минута му носи водство на „Росониерите“, а во 49. минута Калабриа погодува за сигурни 2:0 во корист на Милан.

Тие 2:0 набрзо се претвориа во 2:2, затоа што Зелински погоди во 53. минута, а потоа и во 67. минута и го изедначи резултатот на 2:2.

А потоа во 81. минута после одличната акција на Наполи Мертенс постигнува гол за целосен пресврт и победа на Наполи од 3:2.

Напои освои шест бодови во две кола, а Милан е без бодови, но има и натпревар помалку.