Connect with us

Други спортови

Роже Федерер: Горд сум што играм конкурентно на 37 години

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер ја заврши сезоната со пораз од Германецот Александар Зверев во полуфиналето на финалниот АТП турнир во Лондон, но сепак смета дека оваа година била „истриска“ за него.
– Морам да ви кажам дека сум многу горд што на 37 години се уште сум конкурентен и среќен да играм тенис. Од оваа гледна точка, колку и да сум разочаран од овој натпревар, ако погледнам назад всушност сум многу среќен од мојата сезона. Тоа беше историска сезона, а поради некоја причина, се вратив на првото место. Тоа беше огромен момент во мојот живот, бидејќи јас не верував дека ќе го направам тоа повторно, изјави Швајцарецот.
Федерер, кој ја заврши сезоната со 48 победи и 10 порази, оцени дека можел да се срави подобро во вториот дел од сезоната.
– Вториот дел од сезоната можеше да биде подобар. Имав големи надежи како и секогаш. Можеби изгубив неколку натпревари, кои можеа да ги променат работите за мене, заврши Швајцарецот.