Connect with us

Други спортови

Роже Федерер заслужува кралски третман на сите турнири

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ застана во одбрана на својот ривал Швајцарецот Роже Федерер, откако беше жестоко нападнат од францускиот тенисер Жулијан Бенето.

Бенето во една радио емисија го испровоцира Федерер со тоа што изјави дека тој има подобар третман од останатите тенисери особено на Австралија опен. Французинот рече дека Швајцарецот во последните две години во Мелбурн од 14 натпревари, 12 или 13 ги играл во вечерните термини се со цел да ги избегне големите горештини.

Бенето додаде и дека Федерер има судир на интереси, бидејќи е вклучен во организацијата на Лејвер купот, а еден од челновите на овој проект е и директорот на турнирот во Мелбурн, Крег Тили

Со ова не се согласува Ѓоковиќ, кој оваа изјава на Францзинот ја искоментира за време на мастерс турнирот на осуммината најдобри тенисер во светот во Лондон.

-Федерер заслужува посебен третман, бидејќи е шесткартен шампион на турнирот и еден од најдобрите играчи на сите времиња. Ако тој не треба да има таков третман, тогаш кој би требало да го има? Луѓето доаѓаат да го гледаат него и сакаат да го гледаат во ударниот термин, кој во Род Лејвер арената е од 19.30 часот, изјави Новак и додаде:

-Јас го разбирам и Жулијан, нидејќи се чини дека некои играчи од година во година добиваат подобар третман на одредени турнири. Но морате да сфатите дека Федерер е ударна сила во тенисот, во смисла на заработувачката и интересот кој го привлекува. Жулијан и момците како него профитираат благодарние на Роже и тоа што го работи за овој спорт, заврши Србинот кој во првото коло на турнирот во Лондон го победи Американецот Џон Иснер со 6:4, 6:3.