Connect with us

Фудбал

Румениге: Хејнкес го препороди тимот, работите одат по план во сите натпреварувања

Во традиционалното божикно обраќање кон навивачите, извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге изминатата година ја опиша како успешна за Баварците и изрази благодарност до Јуп Хејнкес кој го препороди тимот.

Хејнкес се врати на тренерската позиција во Баерн, откако Карло Анчелоти беше отпуштен поради серијата слаби резултати.

Можеме да бидеме задоволни од 2017 година. Во текот на летото прославивме петта последователна титула во Бундеслигата – тоа е историско достигнување! Таква доминација на Баерн немало ниту во „златната ера“ од 70-тите. И ние сме подготвени да ја продолжиме оваа серија, вели Румениге.

Тој додаде дека седма последователна сезона Баерн е есенски шампион, а работите одат по планот и во Лигата на Шампионите и во Купот на Германија.

Румениге се заблагодари на тимот и на тренерскиот штаб.

Јуп создаде неверојатен пресврт. Со него добивме 15 од 16 можни натпревари. Уверен сум дека по зимската пауза тој ќе продолжи да го развива тимот. Би сакал да се заблагодарам и на Карло Анчелоти, кој кон крајот на минатата сезона ни ја донесе веќе споменатата петта последователна титула, додаде Румениге.