Connect with us

Фудбал

Румениге за случајот на Хамес Родригес: Ние се занимаваме со трговија со луѓе!

Легендарниот фудбалер на Баерн и актуелниот претседател на баварски гигант, Карл-Хајнц Румениге зборуваше за иднината на Хамес Родригес.

Иднината на Колумбиецот останува под голем прашалник. Ќе му биде тешко да има место на Бернабеу ако се врати во Реал, а и Баерн не е премногу заинтересиран за продолжување на неговата соработка. Родригес е во Баерн како позајмен играч на Реал Мадрид.

Сепак, се чини дека наскоро целиот случај на Хамес Родригес треба да се реши, и дека треба да се знае каде Колумбиецот ќе ја продолжи својата кариера.

Румениге зборуваше за можноста Баерн да го купи договорот на Хамес со Реал и веднаш да го продаде – со профит.

Во спротивно, Баерн има право да го откупи договорот на Хамес Родригес за 42 милиони евра.

„Тоа не е начин на Баерн. Не сакаме да се занимаваме со трговија со луѓе, да добиеме некого за да заработиме пари“, рече Румениге и продолжи:

„Баерн никогаш не направил ништо слично, ниту пак ќе направи. Следната недела ќе се состанеме и ќе одлучиме што да правиме“.