Connect with us

Фудбал

Руни го испрати Тери во пензија и му го оддаде најголемото можно признание

Легендарниот англиски фудбалер Јон Тери вчера официјално прогласи крај на кариерата.

Тери требаше да ја одигра уште оваа сезона и тоа во дресот на Спартак Москва, но тој трансфер пропадна во последен час па 37-годишниот Англичанец одлучи тука да застане.

Од големиот Тери денеска се простиа готово сите познати лица во англискиот фудбал, а посебно впечатлива беше пораката која му ја упати Вејн Руни.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед за Тери кажа дека е негодиот најтежок противник, а се знае против какви стопери има играно Руни во својата кариера…

„Мојот најтежок противник. Честитки за Тери на брилијантната кариера“, порача Руни преку друштвените мрежи.