Connect with us

Фудбал

Руни: Мурињо сакаше да го кренам трофејот, знаев дека е време да заминам

Најголема трага во својата фудбалска кариера Вејн Руни остави на „Олд Трафорд“.

Англискиот напаѓач дресот на Манчестер Јунајтед го носел цели 13 години и во тој период постигна скоро 300 голови за „Црвените ѓаволи“, но последните денови на „Олд Трафорд“ за него и не беа славни.

Жозе Мурињо претерано не сметаше на Руни, кој признава, се чувствувал посрамотено.

„На моменти се прашував дали сум добро. Мурињо ме исфрли во тимот, играв само минута во финалето на Лига Европа, а кога го освоивме купот Мурињо ми пријде и ми кажа дека сака јас да го кренам трофејот. Се чудев. Па не одиграв ниту минута… Тогаш знаев дека морам да заминам“, објасни Руни.

Денеска кога се присеќам на епизодата во Манчестер Јунајтед, посебно ги паметам зборовите на Алекс Фергусон.

„Во сезоната 2006/2007. постигнував голови и потоа одеднаш престанав. Беше фрустрирачки, се прашував што ми се случува, а потоа ми пријде Фергусон и ми кажа: ‘Премногу се трудиш. Играј едноставно, шансите ќе дојдат и ќе продолжиш да постигнуваш голови’. Премногу едноставно…“, рече Руни.

Руни својата кариера ја продолжи во САД каде го носи дресот на ДС Јунајтед.