Connect with us

Други спортови

Русија ги обвини САД за поттикнување на исклучувањето на руските спортисти од Олимписките игри

Еден ден откако Владимир Путин изјави дека „одредени тела на САД“ го притискаат Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) преку одреден спонзор, за суспендирање на руските спортисти од ОИ, неговиот портпарол Дмитриј Песков појасни дека претседателот на Русија мислел за државните структури, вклучувајќи ги и американските невладини организации.

Русија ги обвини САД за поттикнување на исклучувањето на руските спортисти од Олимписките игри.

Путин изјави дека има обиди да се спречи Русија да учествува на Зимските олимписки игри или нејзините спортисти да се натпреваруваат под неутрално знаме.

Русија е во истрага на ИОК, дека наводно спроведела државна програма за допинг, која вклучува замена на примероци во лабораторија за време на Зимските олимписки игри 2014 во Сочи.

Како пренесува агенцијата „АП“, претседателот Путин и портпаролот Путин, не навеле конкретно кое американско владино тело би може да биде вклучено во наводниот притисок кон ИОК.