Connect with us

Фудбал

Русите веднаш одговорија на одлуките на ФИФА и УЕФА, ова е нивни прв потег

ФИФА и УЕФА донесоа заедничка одлука за исклучување на Русија и нејзините клубови од сите натпреварувања.

Ваквата одлука значи дека Русија нема да игра бараж во март за Мундијалот и нема да биде на Мундијалот во Катар, додека на Спартак од Москва ќе му биде ускратен пласманот во осминафиналето на ЕЛ против Лајпциг.

Да потсетиме, Русија требаше да ја пречека Полска на 24 март, а пет дена подоцна победникот од тој меч треба да игра со победникот од мечот меѓу Шведска и Чешка.

ФИФА се одлучи на овој чекор откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) предложи руските и белоруските спортисти да бидат исклучени од сите меѓународни натпреварувања.

Русите се очигледно шокирани од одлуките, а Руската фудбалска федерација (РФС) веднаш реагираше, па е подготвена да поднесе жалба до ЦАС против одлуките на ФИФА и УЕФА, за што на рускиот портал Championat.com му соопштија извори блиски до федерацијата на земјата..

Во Русија се надеваат дека со жалбените процедури до Спортскиот арбитражен суд на крајот ќе се сменат одлуките.