Connect with us

Фудбал

Саки го брани Џампаоло и го советува Милан: Неговото разрешување би било двојна грешка

Ариго Саки, поранешен тренер на „росониерите“, зборуваше за позицијата на Марко Џампаоло.

„Неговото разрешување би било двојна грешка. Тоа би било клупска грешка и непочитување на професионалецот. Потребно е трпеливост и грижа, има многу млади луѓе во тимот и некои од нив немаат големо искуство“.

„Џампаоло покажа дека е способен, дури и со екипи послаби од Милан. Потребна е трпеливост, екипата на Милан е сè уште неискусна“.

Во меѓувреме, тренерот на Милан, ја откажа средбата со Алегри и неговите двајца пријатели. Ситуацијата во тим не е најдобра и нема простор за вонредни обврски.