Фудбал
Сагата околу Мбапе завршува, одлуката ќе „падне“ денеска?!
Сагата околу потписот на Килијан Мбапе трае подолго време, а конечно се треба да се знае во наредните часови. Угледниот француски весник „Л’Екип“ наведува дека 23-годишниот напаѓач во наредните часови ќе ја соопшти својата одлука каде ќе ја продолжи кариерата и конечно ќе стави крај на повеќемесечната сага.

Реал Мадрид и ПСЖ останаа во игра за потпис. Мбапе постигна договор со двата тима, но сега е време конечната одлука да биде објавена денеска или утре. Двете понуди се врвни. Ова го потврди мајката на одличниот фудбалер Фајза Ламари.
„Понудите на ПСЖ и Реал Мадрид се речиси идентични. Во Реал мојот син би имал целосна контрола врз правата на името и карактерот, но ПСЖ нуди паричен надомест за тоа. Понудите не се премногу различни. Тие се речиси исти.Сега ја чекаме неговата одлука“, изјави Фајза Ламари.
Бројни европски медиуми пишуваат дека Мбапе е многу поблиску до останување во ПСЖ, но ќе видиме која е неговата конечна одлука.