Connect with us

Фудбал

Сагата за Интер и Икарди се завршува: Ванда повторно се огласи

Мауро Икарди повеќе од месец дена ги следи натпреварите на Интер од трибината одкако одби да тренира со екипата.

На Икарди прво му беше одземена капитенската трака поради одолговлекувањето за потпишување на новиот договор, а потоа Аргентинецот порача дека е повреден и дека не може да игра.

Но, лекарските прегледи утврдиа дека Икарди не ја кажува вистината и дека е спремен да игра. Сепак, аргентинскиот напаѓач не тренира со екипата, а Лучијано Спалети одбива да стави во конкуренција за некој натпревар на овој тим.

Многумина најмногу ја обвинија неговата сопруга Ванда за скандалот околу новиот договор затоа што ги поставува условите на своја рака. Меѓутоа, Ванда сега се огласи и најави дека ситуацијата конечно би требала да се реши.

„Разговарав со Марота и не постојат проблеми. Блиску сме, за сето ова да се заврши. Мауро закрепнува од повредата и поради тоа не игра. Нема никакви проблеми со соиграчите и сигурна сум дека ќе се врати во екипата кога ќе закрепне“, реча Ванда.