Connect with us

Фудбал

„Сакав да исчезнам од светот, не можев ниту децата да ги носам на школо затоа што бев очаен

Луис Суарез е подготвен за Копа Америка откако го оперира коленото пред неколку недели.

Последниот натпревар Суарез го одигра во полуфиналето од Лигата на шампионите кога Барселона доживеа дебакл на „Енфилд“. „Каталноците“ тогаш беа поразени со 4:0 и испаднаа од натпреварувањето иако во првиот натпревар  на свој терен славеа со 3:0.

Ова беше еден од најтешките порази во кариерите на играчите на Барселона, а тоа посебно се однесува на Суарез. Уругваецот не беше најдобро дочекан на „Енфилд“, иако со доста успех некогаш го носеше дресот на „Редсите“.

Но, поради прославата на голот од првиот натпревар на овие екипи беше дочекан со огромни свирежи, а навивачите на Ливерпул ја прославија секоја негова грешка на теренот.

После само неколку недели Суарез конечно собра снага да зборува за овој натпревар и призна дека ова беше еден од најтешките моменти во неговата фудбалска кариера.

„Деновите во Барселона после тој натпревар за мене беа најлошите моменти во живото и кариерата заедно со Мундијалот од 2014. година. Сакав да ме снема од овој свет. Не ги носев ни децата во школо затоа што на сите ни беше навистина лошо. Неколку дена не можев ништо да правам, затоа што ми беше неверојатно тешко“, рече Суарез.

Уругвајскиот напаѓач призна дека не очекуваше дека Ливерпул ќе се врати по 3:0.

„Тоа никој не го очекуваше затоа што ние сме Барселона и мислевме дека сигурно ќе имаме некои шанси на натпреварот, но одигравме навистина лошо. Кога го постигнаа првиот гол не реагиравме на вистинскиот начин и се’ упропастивме. После натпреварот во соблекувалната никој ништо не можеше да каже од тага и разочарување“, додаде напаѓачот на Барса.