Connect with us

Тајмаут

Салах донираше 500.000 долари да го спаси селото во кое е роден

Еден од фудбалерите кои ја воодушеви јавноста со своите игри на зелениот терен е секако Египќанецот Мохамед Салах. Тој воедно е и најзаслужен што љубителите на фудбалот ќе го гледаат премиерлигашот Ливерпул во големото финале, во Лигата на шампиони на 26. мај во Киев, каде за противник го имаат шампионот Реал Мадрид.

Салах за кус период се најде меѓу најпопуларните личности во Египед, но исто така и во целиот свет. Доволно е да се каже дека на претседателските избори во својата татковина имаше над еден милион гласови, иако не беше меѓу кандидатите. Покрај одличните игри на теренот, Салах и надвор од него покажа дека е човек за пример, личност со големо срце.

Голгетерот на “црвените” ја импресионираше јавноста со својот потег кој се обиде да го направи во тајност, но едностано истиот дојде до милион уши. Тој донирал половина милион долари за селото Басион, во кое е роден, се со цел да се изградат центри за прочистување на отпадните води.

Овие центри ќе се користат за да се прочистува водата во Египет која е очајно потребна. Еден од професорите од селото во кое Салах пораснал изјави дека неопходно се потребни овие центри бидејќи не може да се опише смрдеата која ги обиколи жителите во ова место.

-Не можам да ви опишам колку ни значи оваа помош. Тоа што го направи за нас и Египет едноставно не може да се објасни. Плачам секогаш кога ќе се присетам на тоа. Тој понекогаш доаѓа во своето село за да не посети. Тој за нас не е странец и никогаш нема да биде, изјави професор од ова село кој сакал да остане анонимен.