Connect with us

Фудбал

Салах: Го загубивме финалето во Лигата на шампионите, но јас ја сакам Златната топка

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах во последните години игра фантастично за англискиот Ливерпул, а на изненадување на многумина, но и на негово, заврши на седмото место во изборот за наградата „Златна топка“ во 2021 година. Поранешниот фудбалер на Рома истакна дека е заинтересиран да ја освои најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.

Ако успее, Салах би станал само вториот Африканец кој ја освоил Златната топка – досега тоа го има само Либериецот Жорж Веа, кој беше лауреат во 1995 година.

„Вистина е – бев шокиран од фактот дека во 2021 година бев седми на изборите. Проблемот за оваа година е што не ја освоивме Лигата на шампионите, иако одигравме добар натпревар во финалето“, изјави Мохамед Салах.

„Меѓутоа, тоа нема да ги поништи сите добри работи што ги постигнавме во претходните месеци. Ако не ја освојам Златната топка 2022 година, тогаш ќе дадам се од себе да ја освојам следната година“, изјави египетскиот фудбалер.

Од пристигнувањето на „Енфилд“ во 2017 година, Салах одигра 254 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања и постигна 156 голови. Тој ја доби наградата за играч на сезоната во Премиер лигата, а три пати беше најдобар стрелец на ова првенство.