Фудбал
Салах повторно проговори за договорот и го “замрзна” Ливерпул
Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул и фудбалерот во најдобра форма на планетата призна дека се уште нема напредок во преговорите со клубот околу продолжувањето на договорот кој истекува на крајот од сезоната.
Салах со недели се “јавува” кај раководството на клубот да му го продолжи договорот, како на теренот со голови и асистенции, на кои во моментов му нема рамен, така и на јавни настапи, но засега ништо не се случува. Египќанецот признава дека неговиот престој по оваа сезона е неизвесен, откако со гол и две асистенции му донесе победа на Ливерпул над Вест Хем од 5:0.
-Ние сме далеку од тоа. Не сакам да ги кажувам работите преку медиумите и луѓето почнуваат да зборуваат, но вистината е дека ништо не се промени, рече Салах.
-Иако неговиот статус е „ни на земја, ни на небо“, тој е фокусиран на она што најдобро го прави.
-Да бидам искрен, единственото нешто што ми е на ум е мојата желба Ливерпул да го освои шампионатот. Јас само сакам да бидам дел од тоа. Тоа е единственото нешто на кое сум фокусиран од почетокот на сезоната. Ќе дадам се од себе тимот да освојува трофеи. Ние сме на вистинскиот пат, но се разбира, има уште неколку добри тимови кои навистина се обидуваат дa не стигнат. Треба само да останеме фокусирани и скромни, а исто така да работиме напорно и само да продолжиме вака, рече Салах.