Фудбал
Салах вели дека е среќен во Ливерпул и се надева дека ќе остане на „Енфилд“ многу години
Мохамед Салах изјави дека доживува време полно со среќа во Ливерпул и се надева дека ќе остане на „Енфилд“ уште многу години.
Ливерпул беа крунисани шампиони на Англија во четвртокот вечер, откако нивниот најблизок ривал, Манчестер Сити беше поразен од Челзи на „Стемфорд Бриџ“, со што стави крај на нивниот 30-годишен пост за титулата во лигата.
Египетскиот напаѓач е среќен што одигра клучна улога во овој долгоочекуван триумф на „црвените“.
„Ми се допаѓа атмосферата овде. Го сакам овој клуб и се надевам дека ќе останам тука многу години. Овој клуб е различен од другите“, рече Салах за БЕИН Спортс.
Што се однесува до освојувањето на титулата во Премиер Лигата, Салах додаде: „Јас сум многу среќен. Не можам да го опишам чувството за освојување во Премиер лигатасум многу среќен. Не можам да го опишам чувството за освојување во Премиер Лигата по 30 години. Можам да видам колку се среќни луѓето и тоа е важно за нас“.