Connect with us

Фудбал

Салцбург лесно ја одби понудата од 30 милиони евра

Патсон Дака е еден од најдобрите играчи на Салцбург, дури и кога Ерлинг Халанд беше таму.

21-годишниот играч постигна 24 голови и осум асистенции на 31 натпревар во австриската Бундес лига минатата сезона, а по добрите изданија во дресот на Салцбург, пристигнаа бројни понуди од Лига Пет.

Лил, наводно, понуди 30 милиони за Дака, Марсеј е подготвен да плати добро, Борусија Моенхенгладбах е заинтересирана од Германија, а во Италија Милан кој би можел да го превземе Ралф Рангник, Германец кој исто така беше задолжен да најде таленти како Дака за Ред Бик.

И покрај богатите понуди, спортскиот директор во Салцбург, Кристоф Фрунд тврди дека клубот ќе се обиде да го задржи напаѓачот.

„Многу клубови би сакале да го видат Дака, но ние немаме планови да го продадеме“, рече Фрунд, а играчот има договор до летото 2024 година. Договорот последен пат беше продолжен во декември 2019 година.

Од друга страна, се чини многу поверојатно дека ќе замине Унгарецот Доминик Шоболаи, кој е од посебен интерес за Милан.