Connect with us

Фудбал

Салвио прва летна аквизиција

Крилниот напаѓач на португалскиот гигант Бенфика, Едуардо Салвио, најверојатно ќе биде првата летна аквизиција на италијанскиот калчолигаш Интер.

Поранешниот фудбалер на шпанскиот прволигаш Атлетико (М) на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а неговиот агент веќе имал неколку состаноци со челниците на Интер кои потврдиле дека се сериозно заинтересирани за услугите на Салвио.

Доколку се пресели на “Џузепе Меаца”, крилниот напаѓач ќе си обезбеди годишна плата која нема да биде помала од 3 мил. евра.