Connect with us

Фудбал

Само еден човек е виновен што Џејмс го напушти Евертон

Колумбискиот фудбалер Џејмс Родригез пред неколку месеци ги изненади сите со одлуката да ја продолжи кариерата во Катар.

30-годишниот фудбалер по само една година реши да го напушти Евертон каде имаше прилично солидна сезона и потпиша за катарски Ал Рајан.

Родригез ги изненади сите со одлуката да замине во Катар во своите најдобри години, каде што сепак не се снајде најдобро.

Но, тој сега реши да открие што се случуваше на почетокот на сезоната во Евертон кога за нов тренер беше избран Рафа Бенитез. Тогаш Шпанецот воопшто не сакаше да смета на Џејмс, поради што Колумбиецот одлучи да замине.

Тоа не беше најдобрата одлука за Бенитез бидејќи доби отказ само половина година подоцна, а играч од калибарот на Џејмс Родригез не се отпишува така лесно.

„Посакувам да останев подолго во Евертон. Тоа е голем клуб и има неверојатни навивачи. Сепак, наидов на тренер кој не сметаше на мене. Сакав да бидам дел од тој клуб подолго од ова, но едноставно тренерот не сметаше на мене и тоа е тоа“, изјави Џејмс.

Џејмс во досегашниот дел од сезоната одигра девет натпревари за Ал Рајан и успеа да постигне три гола и да забележи четири асистенции.