Connect with us

Фудбал

Самуел Умтити ова лето можел да заврши во Реал Мадрид!?

Во финишот на минатата сезона многу се пишуваше за тоа дека Умтити би можел да ја напушти Барселона бидејќи долго време одбиваше да започне преговори. Неговиот агент во тие моменти преговарал со неколку клубови, а сега „Марка“ открива дека еден од нив бил – Реал Мадрид.

Реномираниот медиум утрово објави дека Умтити водел преговори со Реал Мадрид. Перез наводно се обидел да го доведе Французинот во своите редови и на тој начин да зададе низок удар на својо ривал, но на крајот не успеал.

Умтити неколку недели размислуваше а на крајот донесе одлука да остане во Барселона, па преку својот агент испратил порака до Перез дека останува во Барселона.

Во новиот договор кој го потпише, стоперот има и откупна клазула во износ од дури 500 милиони евра.