Connect with us

Фудбал

Санчез не е опција

Близок извор од таборот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, откри дека раководните лица не се ни малку заинтересирани за услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез.

Крилниот напаѓач никако не може да ги исполни големите очекувања на клупските челници и се погласни се шпекулациите дека ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок. Сепак, главен проблем околу продажбата на Санчез ќе биде неговата неделна плата затоа што не постојат многу клубови кои можат да му понудат плата од 500.000 евра.