Connect with us

Фудбал

Санчез во Тотенхем до 2024 година

Тотенхем преку својата официјалната веб – страница објави дека колумбискиот играч Дејвинсон Санчез потпиша нов договор.

Овој дефанзивец за Тотенхем настапува од минатото лето, кога дошол од Ајакс за 40 милиони евра, а она што тој досега го покажал за „Петлите“ резултираше со продолжување на соработка.

Лондонскиот клуб потврди дека Санчез потпишал нов, шестгодишен договор од кој ќе заработува многу повеќе.

„Со задоволство објавуваме дека Дејвинсон Санчез потпиша нов договор со клубот до 2024 година”, рекоа од Тотенхем.

Санчез, се најде и на листата на селекторот на колумбискиот фудбалска репрезентација за претстојното Светско првенство во Русија.