Connect with us

Фудбал

Сандро Тонали се обложил на пет натпревари на Њукасл што самиот ги одиграл, три облози ги добил

Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали повторно е казнет со два месеци условна забрана за настап и 23.000 евра поради прекршување на правилата поврзани со забраната за обложување во Англија.

Англиските медиуми потоа дознаа на кои натпревари се обложил поранешниот играч од средниот ред на италијански Милан. Откриено е дека тој се обложил на пет од натпреварите на Њукасл и секој пат  ги избирал „Страчките“ за победа против Брајтон, Барнли, Брентфорд, Манчестер Сити и Вест Хем.

Неговите прогнози беа точни за Барнли, Манчестер Сити и Брентфорд, а остантите мечеви не ги погодил. Тонали не можеше да се сети колку точно пари вложил, но тврдеше дека не се повеќе од десет илјади евра.

Да потсетиме, минатата година ФИГЦ го казни Тонали поради обложување на фудбалски натпревари во Италија, а поради тоа ќе го пропушти и еврото во Германија каде Италија ќе го брани шампионатот. Тој треба да се врати на терените на 27 август годинава, а мора да плати и казна од 20.000 евра. Инаку, Тонали на почетокот на оваа сезона од Милан се пресели во Њукасл за 81 милион евра и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „Страчките“, по што следуваше суспензија за обложување, па забележа осум настапи оваа сезона со една цел.