Фудбал
Сари: Азар сигурно останува во Челзи
Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари уверен е дека Еден Азар ќе остане на “Стемфорд Бриџ“.
На „Островот“ веќе со месеци се шпекулира за тоа дека Белгиецот би можел да го напушти Челзи. Во борба за неговите услуги најупорен е Реал Мадрид, но иако преодниот рок во Шпанија се уште трае, менаџерот на Челзи воопшто не е загрижен.
Уверен е дека Азар нема да ја менува средината.
„Често разговаравме во последните десеттина дена, но ниту во еден момент не ми кажа дека би можел да замине. Уверен сум дека Азар ќе остане со нас и оваа сезона“ кажа Сари.
Азар дресот на Челзи го носи од 2012. година.