Connect with us

Фудбал

Сари: Играчите на Челзи плачеа поради мене

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, сподели интересен детал од неговите последни денови во Челзи. Тој призна дека има конфликти со некои играчи на „Стемфорд Бриџ“ и дека му недостасува Премиер лигата.

– Колку повисоко се качуваш по скалилата, толку е потешко да изградиш односи со своите играчи. Точно е дека имав судири со играчите на Челси. Јас не сум човек што ги тапка другите по грб. Но, кога објавив дека си заминувам, многу играчи плачеа , рече Италијанецот, цитиран од „Фудбал Италија“.

Тој вели дека му недостасува Премиер лигата, но никогаш не би живеел во Англија.

– Не разбирам како успеваат Италијанците да живеат таму. Но, англискиот фудбал е многу добар. Сум видел на секој натпревар неверојатно високо техничко ниво и неверојатна атмосфера. Стадионите се 100% полни без оглед на конкуренцијата. Тоа е фантастично, додаде Сари.

Менторот го водеше Челси минатата сезона, освојувајќи ги со нив Лига Европа. Еден од големите конфликти во кој се вмеша таму беше со голманот Кепа Арисабалага. Како што е познато, тренерот сакаше да го замени голманот, но тој одби да го напушти теренот.