Connect with us

Фудбал

Сари лобира за Фекир

Новиот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Маурицио Сари, сака во пролетниот дел од актуелната сезона на располагање да ги има и услугите на најдобриот фудбалер во дресот на францускиот прволигаш Олимпик од Лион, Набил Фекир.

Италијанскиот стручњак не крие дека е незадоволен од ефектот на шпанскиот интернационалец Алваро Мората и веќе има побарано ангажирање на нов напаѓач веќе за време на зимскиот преоден рок. Големата желба на Сари може да стане реалност веќе во јануари само доколку официјалната понуда за Фекир не биде помала од 70 мил. фунти.