Connect with us

Фудбал

Сари: Можеби му недостигам на Де Лаурентис

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, возврати на критиките на сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, дека додека бил тренер во неговиот клуб не освоил ништо.

– Не знам зошто, но постојано говори за мене? Можеби му недостигам, бидејќи знаеше тоа да го прави. Не го донесовме трофејот во Неапол, но имавме рекорден број на бодови. Трипати во низа се квалификувавме за Лигата на шампиони што не е вообичаено за Наполи. Мислам дека не бевме лоши. Освен Јувнетус никој ништо не освојува последните седум години, истакна Сари.

Toj со Челзи досега забележа две победи во Премиер лигата, а утре во третото коло ќе гостува кај Њукасл.