Фудбал
Сари на свој начин му се одмаздува на Јувентус
Маурицио Сари неодамна беше отпуштен од клупата на Јувентус.
Искусниот стручњак мораше да ја напушти клупата по само една сезона, но бидејќи беше отпуштен, Старата дама ќе мора да му ги исплати сите пари што требаше да ги заработи во следните две години.
Иако беше отпуштен, водачите на Бјанконер се обидоа да најдат заеднички јазик со Сари за исплата на обештетувањето. Сепак, тој одби да го раскине договорот и сака парите редовно да му бидат исплатени.
Така, Јуве ќе инкасира минимум 11 милиони евра во каса на 61-годишниот стручњак. Таа бројка ќе биде уште поголема со одредени бонуси, односно ако Бјанконерите освојат трофеи.
Така, Сари на свој начин му се одмаздува на Јувентус и ќе добива плата во наредните две години како да е сеуште тренер на овој клуб.