Connect with us

Тајмаут

Сари повеќе не смее да пуши, но смее да става филтери од цигари во устата

Италијанскиот стратег на клупата на Челзи Маурицио Сари мака мачи, а само што дојде во клубот.

Залудно ви се толку пари и слава кога не можете да запалите една цигара. Денес на „Вембли“ беше тажно да се види Сари со оглед дека правилата на стадионот се такви, но и правилата на Челзи, дека никако не смее да се запали цигара ни на стадионот, ни  на теренот.

Сепак, Сари колку – толку успеа да ја смири желбата за цигари затоа што ставашр филтер од цигара во устата. Со ова уште еднаш покажа дека е страстен пушач, и сигурно тешко ќе му падне фактот дека во Англија нема да смее да пуши, барем не во стадионот и во службените простории.

Инаку, проблем ќе му претставува и фактот дека во Премиер лигата мора да носи костум со оглед дека такви се правилата на Челзи. Дали некој го има видено досега во костум.