Connect with us

Фудбал

Сари: Создаваме игра, но еве го нашиот проблем!

Јувентус ќе игра утре вечер против Локомотив Москва во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. „Бјанконерите“ ја предводат групата со четири бода, колку што има и Атлетико Мадрид, додека Локомотив е на третото место со еден бод помалку.

Во пресрет на утрешниот натпревар, тренерот Маурицио Сари зборуваше пред медиумите, каде го пофали противникот, велејќи дека тие се многу силен тим. Исто така, Италијанецот го критикуваше и неговиот тим, каде го откри проблемот на овој Јувентус.

Локомотив Москва„Играме против силен тим. Локомотив има прилично добра сезона, дури и подобра отколку што очекуваа сите. Тие знаат добро да се одбранат и се опасни кога ќе ја преземат средината на теренот“.

Дибала или Игуаин„Имаме среќа да имаме двајца играчи како Игуаин и Дибала кои се во одлична форма. Без оглед кој ќе ја игра, јас сум среќен со настапот на обајцата “.

Проблемот на Јувентус„Во моментот создаваме одлична игра уште од почетокот на сезоната. Сепак, не бевме толку ефикасни пред голот и ова е нашиот проблем. Мислам дека сме на вистинскиот пат, иако треба да се подобриме во некои погледи“.

Повреди„Мислам дека Ремзи нема да биде подготвен за утре. Тој се обидува да ја остави зад себе повредата и напорно работи на тоа. Што се однесува до Данило, тој одлично се снаоѓа, но сè уште не може да издржи 90 минути игра“.

Роналдо „Кристијано има извонреден менталитет. Тој поставува лични цели, но и за тимот, што е добро за сите“.

Рабиот –  „Среќен сум со подобрувањата што ги имаше Рабиот. Тој го заслужува тоа, затоа што работи напорно на тренинзите. Отсекогаш верував во неговите способности“.