Connect with us

Фудбал

Сари најави неверојатен преседан против Рома: Првиот тим на одмор?

Старо-новиот шампион на Италија одигра уште еден од многуте лоши натпревари оваа сезона и на крајот беше заслужено поразен од разиграниот домаќин.

Во последното коло, кое ќе се игра во сабота, Јувентус ќе се сретне со Рома, а на овој натпревар би можеле да го видиме резервниот тим на Старата дама на теренот.

Тренерот Маурицио Сари сериозно размислува да игра против екипата од Рим да поради заморот на своите играчи да игра со тимот до 23 години.

„Ние сме единствениот тим во Европа што одигра 5 натпревари за 12 дена. Ќе видиме како се чувствуваме утре, но доколку е потребно ќе го ставам тимот на У23 да игра во последното коло, да му дадам пауза на тимот“, изјави Сари по натпреварот.

Доколку навистина се случи Сари да го изведе резервниот тим на теренот, Рома не треба да имаат никакви проблеми да победат, а нападот на „Волчицата“ би имал многу полесна задача за постигнување на гол.

Одлука за овој потег треба да се донесе утре.