Connect with us

Фудбал

Саутгејт ќе командува со „Трите лава“ и по ЕП 2020

Шефовите на Англиската фудбалска асоцијација имаат желба да го продолжат договорот на менаџерот на националниот тим Герет Саутгејт и по завршувањето на ЕП 2020. Популарноста на поранешниот дефанзивец се зголеми многу во изминатите два месеци за време на Мундијалот 2018, каде Англија стигна до полуфиналето.

Саутгејт доби договор за четири години во ноември 2016 година, откако се наметна брзо да се најде заменик на Сем Алардајс, кој беше обвинет за поткуп.

– Герет е одличен и ние би сакале тој да остане на чело на националниот тим и по 2020 година. И ние го сакаме, и тој не сака нас. Но, во моментов е на одмор, па кога тој ќе се врати, ќе започнеме преговори, изјави директорот на ФА Мартин Глен.

Четириесет и седум-годишниот Саутгејт, кој пред тоа беше менаџер на својот Мидлзборо и на младинската репрезентација, е споредуван со Јоаким Лев, кој е на чело на Германија од 2006 година.

– Лев има успеси со Германија, бидејќи беше оставен на мир да си изгради стратегија за работата. Не беше никаква ѕвезда во својата земја, но еве системот му функционира, додаде извршниот директор на англиската централа.