Connect with us

Фудбал

Саутгејт по дебаклот со Унгарија: Избрав многу млад состав, ја преземам одговорноста

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт, ја презема одговорноста по синоќешниот висок пораз од Унгарија (0:4) во Лигата на нации.

– Вознемиреност навлезе во нашиот тим по првиот примен гол. Не успеавме да се опоравиме. Почнавме добро. Сепак, првиот гол на противникот не направи нешто помалку самоуверени. Во вториот дел успеавме да создадеме шанси за гол, но нивниот втор гол сериозно влијаеше нашиот продолжеток. Избрав многу млад состав – тоа е моја одговорност. На два натпревари со Унгарија не одржувавме рамнотежа. Сакав да им дадам одмор на некои од нашите главни играчи. Ова е тешка вечер за нас, изјави селекторот на Англија.

Во третата група од А-сегменот во Лигата на нации, Унгарија е лидер со седум бодови, Германија има шест, Италија пет, додека Англија е последна со само два бода.