Connect with us

Фудбал

Се бара купец за Кејхил

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да се ослободат од услугите на искусниот дефанзивец Гери Кејхил.

Повремениот репрезентативец на Англија не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и не крие дека во игра е и опцијата за промена на клупската средина.

Сепак, поранешниот дефанзивец на Болтон ќе го добие потребното зелено светло за промена на клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 8 мил. фунти.