Connect with us

Фудбал

Се ближи крајот на Ернесто Валверде во Барселона

Навивачите на Барселона во последно време се незадоволни од начинот на кој Ернесто Валверде ја води екипата.

Серијата од лоши резултати во првенството доведе до губење на првото место каде сега се наоѓа Севиља, а и самиот тренер на каталонскиот тим не е дали ќе остане на тренерската позиција.

Како наведува каталонскиот „Sport“, Валверде се чувствува незаштитено во клубот по заминувањето на поранешниот спортски директор Роберто Фернандез и доаѓањето на Ерик Абидал и Роман Планес на неговото место.

Преговорите за продолжување на соработката помеѓу двете страни се прекинати и нема да бидат продолжени до на пролет. Клубот конечната одлука за Валверде ќе ја донесе наредната година затоа што сака играчите да бидат целосно посветени на настапите.

Минатата сезона Валверде ја освои шампионската титула, но беше на работ на заминувањето откако го загуби добиениот натпревар против Рома во Лигата на шампионите, но на крајот се спаси со освојувањето на трофејот во Ла Лига.

Договорт на овој стручњак трае до 2019. година, но како што стојат работите, Валверде од следната година ќе биде поранешен тренер на Барса.