Connect with us

Фудбал

Се чека потврда: Мурињо потрошил 50 милиони во Торино?

Според италијанските медиуми, во наредните денови треба да стигни и официјалната потврда за договорот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Според, Ла Стампа, трансферот на левиот бек од Јувентус, Алекс Сандро е близу до реализација, а истиот весник тврди дека во спротивна насока ќе започне Матео Дармијан. Сепак, Дармијан ќе пристигне во Јувентус со посебен трансфер.

Трансферот на Алекс Сандро, наводно вреди околу 50 милиони евра и се шпекулиран подолго време.

Сепак, Ла Стампа додава дека официјалната потврда за трансферот може да се очекува откако Манчестер Јунајтед ќе го одигра финалето на ФА Купот закажано за сабота.

Алекс Сандро во Јувентус пристигна во 2015 година од Порто и освои три двојни круни со Старата дама.