Connect with us

Фудбал

Се е готово: Италијанскиот клуб има нови сопственици

Се е готово, италијанска Аталанта има нови сопственици.

Со денови се најавуваше, а сега пристигна и официјалната потврда.

Американските инвеститори станаа сопственици на клуб кој беше пркосно побогат и помоќен.

Раководството на Аталанта го потврди договорот, односно продажбата на 55 отсто од сопственоста на клубот.

На чело на американските инвеститори е Стивен Паглиука, косопственик на НБА тимот на Бостон Селтикс.

„Аталанта и Селтис делат иста вредност. Наша задача е да ги зголемиме приходите, но и да станеме кандидати за титули, како во Италија, така и во Европа. Фондот може да ги поддржи таквите амбиции“, рече Паглиука.

Аталанта сезонава е на петтото место во Серија А со 44 освоени бодови.