Фудбал
Се е подготвено за големиот трансфер на Герет Бејл
Шпанските, но и англиските медиуми синоќа објавија дека Герет Бејл се враќа онаму каде што се формираше во голем фудбалер, а тоа е Тотенхем. Денеска медиумите пишуваат дека се е подготвено за голем трансфер. Тотенхем наводно ќе ја преземе целосната плата на Велшанецот која изнесува 17 милиони евра годишно, а Реал Мадрид ќе го пушти речиси бесплатно, а само ќе бидат вметнати одредени бонуси кои нема да бидат огромни.
Целата работа треба да заврши многу брзо, а Бејл по седум години ќе се врати во Тотенхем, каде ја стекна светската слава.