Connect with us

Други спортови

Се искомплицирала состојбата на најдобрата скијачка, мораше на операција!

Најдобрата скијачка во историјата, Микаела Шифрин, би можела да го пропушти остатокот од сезоната откако состојбата и се искомплицирала во болница, па морала да оди на операција.

Шифрин падна во велеслаломот за Светскиот куп во Килингтон, кој се одржа кон крајот на минатиот месец. Со голема брзина изгубила рамнотежа, се лизнала, направила неколку вртења и ги искинала знамињата по пат. За среќа, заштитната ограда ја задржала.

Микаела се здобила со неколку модринки и убодна рана во пределот на надворешниот кос мускул. Иако се чинеше дека наскоро ќе биде отпуштена од болница, тоа не се случи. Имено, поради компликации поврзани со убодна рана, на американската скијачка и беше извршена операција, со која беше отстранета преостанатата насобрана течност и санирано оштетувањето на мускулите во близина на карлицата.

„Лекарите ми рекоа дека сум навистина среќна бидејќи убодна рана беше на само милиметар од моето дебело црево“, рече Шифрин.