Connect with us

Тајмаут

Се обидел да го обои автомобилот на познат борец, но не видел дека е внатре: Казната била сурова и болна (ВИДЕО)

Неименуван маж се обидел да ги обои стаклата на автомобилот на познатиот ММА борец Рикардо Ареола.

Несреќниот човек без причина се обидел да ги испрска стаклата на автомобил паркиран на улица. Не видел никој внатре, па за него овој потег бил доста болен.

Од автомобилот излезе мексиканскиот ММА борец со прекар Ел Локо. Го зграпчи „напаѓачот“, го собори на земја и му удри неколку удари за да му одржи лекција.

Тоа не беше се. Го натера да ја исчисти колата и по се што се случи рече:

„Ова е втор пат да ми се случи вакво нешто. Двата пати бев во автомобилот. Ова не е кул, типот е дефинитивно луд, но јас го фатив“, истакна Ареола и додаде:

„Ваквите ги напаѓаат жените на улиците. Не барам изговори, но морав да направам нешто“, изјави Ел Локо.

Мексиканскиот ММА борец во кариерата има 16 борби и има ефект од осум победи и осум порази.